На воена парада во рускиот град Курск се случи несекојдневен инцидент, во кој еден од тенковите што парадираа се преврти пред очите на насобраниот народ.
Тенкот од Втората светска војна Т-34 обидувајќи се да се качи на камион за транспорт, се лизна од платформата и се преврти на страна, застрашувајќи ги гледачите. Војниците кои беа во непосредна близина за среќа брзо избегаа, за да не бидат смачкани од тенкот, и никој не е повреден во инцидентот.
Воената парада беше организирана по повод одбележувањето на 75-годишнината од битката кај Курск, кога советските сили ги поразиле нацистите.