Тешко повреден малолетник од Прилеп во судар помеѓу мопед „хамачи“ и автомобил „шкода октавија“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



На 05.05.2025 во 15.37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул. „Јане Сандански“ со ул. „Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската болница Прилеп.  Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми