ТППЕ Прилеп: Поради големата суша да внимаваме како се однесуваме во природата за да не предизвикаме пожар


Поради екстремно високите температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари, предупредуваат од ТППЕ Прилеп.

Од ТППЕ Прилеп ја даваат и следната напомена.

„Во централните и југоисточните предели, кои се најтопли, температурите за викендот би можеле да се искачат дури и над 42 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност со коефициент околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности“, додаваат од ТППР Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира