Триангл: Да прекинат притисоците врз синдикатот, да зборуваме за плата која овозможува достоинствен живот

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Кршење на работничките права, страв за синдикално организирање, заплашување на синдикален лидер се дел од забелешките на Лук Триангл, генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати. Тој алармираше дека „ситуацијата е таква што Македонија денес врши прекршување на еден од клучните и на основните стандарди на Меѓународната организација на трудот, а со тоа и на Обединетите нации“.

„Земјите ги рангираме со оценки од 1 до 5 каде што 1 е највисоката оценка, а 5 е најниската. Македонија во последните години имаше оценка 2 која беше доста добра оценка, но сега е на оценка 4. Таа бројка со која е оценета Македонија значи дека има сериозни прекршувања на работничките и на синдикалните права и тоа на систематски начин, кој означува дека тоа не се случува еднаш, туку се случува континуирано“, изјави Триангл.

Порача дека нападите кон синдикалниот лидер и притисоците врз синдикатите мора да запрат.

„Улогата на синдикалниот лидер е да преговара за подобри услови за работа за своите членови, за подобри и повисоки плати за своите членови и не може последица од исполнувањето на таа улога да биде кампања на јавно осудување и на јавно критикување. Таа кампања не може да биде црна кампања во медиумите што ги вклучува дури и семејствата и децата на синдикалниот лидер, тоа е апсолутно неприфатливо“, порача претседателот на Меѓународната конфедерација на синдикати.

Триангл нагласи дека е неприфатливо голем број работници да примаат плата под линијата на сиромаштија и дека е време фокусот да се префрли од минимална плата кон плата што овозможува достоинствен живот. Според него, недозволиво е лице со полно работно време да не може да ги покрие основните трошоци.

„Ако имаме ситуација каде што 1/3 од работниците во Македонија заработуваат плата којашто е под линијата на сиромаштија, тоа е неприфатливо. Значи Владата и општеството мора да преземе активност, не можеме да имаме ситуација, односно неприфатливо е да се има ситуација каде што работникот работи со полно работно време, а не може да ги плати своите сметки затоа што платата е под прагот на сиромаштија. А и време е да престанеме да зборуваме за минимална плата, туку да зборуваме за плата којашто овозможува достоинствен живот, а тоа значи дека ако работите со полно работно време и работите напорно, мора на крајот на месецот тоа да ви дозволи да имате плата која што ќе ви дозволи да водите достоинствен живот“, изјави Триангл по средбата со раководството на ССМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми