Трипуновски : Вештачката акумулација во Прилеп во очајна состојба, загрозени илјадници земјоделски семејства

Техничкиот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, заедно со Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, беа во посета на прилепското вештачко езеро.

 

„Вештачката акумулација во Прилеп се наоѓа во очајна состојба и речиси е без вода, а сето тоа на само 2-3 месеци од почетокот на земјоделските работи по полињата. Илјадници земјоделски семејства од Прилеп и од прилепскиот регион стравуваат дека нивното производство ќе доживее катастрофа ова лето, а поради негрижата на власта и нивната неспособност да менаџираат со водните ресурси ќе биде доведен во знак прашање егзистенцијата на овие семејства“, истакна Трипуновски.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира