Трипуновски: Нема кратење на средствата за субвенции

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Имаше една дилема што опозицијата се обиде да ја искористи за политички поен. Верувам дека, во состојба на безидејност, немање креативност и конкретни предлози, се обидуваат набрзина да остварат политички поени. Пласираа информација дека се скратени 40 милиони евра од Програмата за субвенции, што го отфрлам, тоа не е точно”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Во текот на годината, со ребаланс или со пренамена на средства, доколку има потреба, се обезбедуваат дополнителни средства во Програмата. За потсетување, во 2024 година ја наследивме Програмата со околу 100 милиони евра. Со ребалансот што го направи сегашната Влада беа обезбедени дополнителни средства и истата изнесуваше околу 117 милиони евра, а до крајот на годината Програмата беше дополнително зголемена со пренамена на средства и изнесуваше 137 милиони евра”, рече Трипуновски.

Тој посочи дека средствата биле пренаменети за исплата на заостанати обврски од претходни години, наследени од претходната власт.

„Програмата што е донесена за тековната година, доколку има потреба од дополнителни средства, сигурно ќе биде дополнета. Проекцијата од 100 милиони евра е речиси идентична во изминатите 10-тина години и претставува стандардна рамка”, додаде министерот.

Министерот Трипуновски нагласи дека се шират дезинформации и дека нема кратење или намалување на средствата за субвенции, туку дека се заоструваат критериумите и дека сега средствата ќе одат кај вистинските земјоделци.

„Сакам да ги отфрлам обвинувањата од опозицијата и од сите што се обидуваат да ја коментираат Програмата за 2026 година – нема кратења на субвенциите, туку има дополнителни условувања во делот на производството. Сите реформи што ги правиме се за да дадеме правец каде ќе се движи Македонија во наредниот период. Мора поддршката да оди кај вистинските земјоделци, кои навистина работат и произведуваат. Постојат категории луѓе што се обиделе да го злоупотребат системот и да користат земјоделски субвенции. Со новите капацитети на Платежната агенција и теренските контроли ќе се елиминираат сите што сакаат да печалат на грбот на државата, да земаат субвенции, а да не учествуваат во земјоделството. Фокусот ќе бидат вистинските, активни земјоделци, кои навистина работат и придонесуваат во секторот. Тие треба да бидат поддржани од државата“, истакна министерот.

Трипуновски најави засилени контроли на терен, зашто се забележани корисници на субвенции што воопшто не ги обработуваат површините.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми