Прилепчанката Марина Николоска го освои првото место на манифестацијата „Вешта жена“ која во месец март се одржа во Прилеп. Васе Цветкулеска Митреска доби пехар за тригодишно учество, како најмлада учесничка на „Вешта жена“, а додека Милка Бошкоска го освои второ место Гран при на Република од 9 учеснички.
Наградите денеска им беа доделени на манифестацијата Етно вешта жена во манастирот Света Марина во селото Зубовце, Гостивар. Инаку домаќинот за идната година се бира така што се прави погача со паре, се крши и каде што ќе падне парето, тој град е домаќин. Година во гоствиварско Зубовце имаше претставнички на „Вешта жена“ од 24 града во Македонија.
Основач и главен органзиатор на оваа манифестација е Снежана Жана Стојаноска од Тетово. В година домаќини ќе бидат вештите жени од Кочани. Инаку на Етно вешта жена се продаваат направените јадења, а парите остануваат за манастирот каде се одржува настанот.