Трошоците на четиричлено семејство во август речиси 35.000, ако има ученик во семејството 42.000 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Според овие податоци, во август на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби му требале 34 342 денари, а доколку во семејството има барем 1 ученик, тогаш трошоците се зголемуваат најмалку за 8 илјади денари или во тој случај синдикалната кошница би изнесувала 42 342 денари.

„Анализите на ССМ покажува дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат. Трошоците на живот се исто така динамични. Според податоците што ги објавува Државниот завод за статистика, најмногу пораст е забележан ка храна и пијалоци со 1,5 проценти и тоа кај зеленчукот 15,8 проценти, сирењето и урдата 1,1 проценти, месото 0,9 проценти, лебот и житата 0,7 проценти и млекото исто така за 0,6 проценти итн. Посебен товар за граѓаните односно на едно четиричлено семејно домаќинство овој месец е и почетокот на учебната година за кој според податоците кои се официјално достапни и изнесени во јавност, родителите треба да одвојат најмалку по околу 8.000,00 денари по дете кое посетува настава во основно или средно училиште“, велат од ССМ.

Оттаму сметаат дека е оправдано нивното барање минималната плата да биде најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата бидејќи две минимални плати не се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница.

„Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот и цени тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на Синдикалната минимална кошница. Ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на граѓаните“, порачуваат од ССМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци