На 02.12.2025 во 14:30 часот на место викано „Каленика“ во атар на с.Слепче, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово при вршење на кражба на дрва ги затекнале Р.В.(44), О.Е.(29) и 17-годишник, сите од Прилеп.
Дрвата и пилата се одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.