Денес повторно сме сведоци на обидите на СДСМ и нивниот кандидат Петра Лукароска да ја замајуваат јавноста со празни флоскули и безначајни обвинувања. Очигледно е – како што се ближат локалните избори, така расте паниката во нивните редови. Затоа Петра секојдневно држи прес-конференции без суштина, во обид да го ублажи катастрофалниот пораз што ѝ претстои на СДСМ, изјави на денешната прес конференција Христијан Тунески од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Да потсетиме – не така одамна, Лукароска беше директор на средно општинско училиште. Мандат кој нема со што да се пофали. Напротив – го следат скандали и сомнителни финансиски трансакции.
Сè уште им должи одговор на прилепчани: Како со завршено високо образование од 180 кредити и втор циклус стручни студии со 60 кредити за работа во здравство, наместо со 240 кредити колку што носи високото образование, се пријавила и положила директорски испит?
Како во 2021 година потрошила 1.462.888 денари – односно 23.787 евра, што е за 11.787 евра над законскиот праг од 12.000 евра кон доверители за разни набавки за кои не биле спроведени постапки за јавни набавки?
Како и во 2022 година на истиот принцип, потрошила вкупно 15.410 евра – повторно над лимитот од дозволените 12.000 евра годишно?
И најважно: како неполн месец пред нејзиното разрешување, во три наврати извадила по 250.000 денари од сметките од Еразмус – без фактури, без фискални, без покритие? Каде завршија тие пари?
Почитувани, ова е вистинското лице на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп – лице со мандат обележан со хаос, сомнителни исплати и низа скандали. Апсурдно е човек кој не успеал да менаџира едно училиште, да бара доверба да води цел град.
Времето на СДСМ заврши! Македонија оди напред, Прилеп оди напред – со чесно, одговорно и домаќинско работење на ВМРО-ДПМНЕ. Нашата цел е развој, инвестиции и подобар живот за сите граѓани“, истакна Тунески.
