Уапсени двајца скопјани на Плетвар, во возилото им биле пронајдени 75 кг. режан тутун за цигари

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


На 10.04.2025 во 20.45 часот на превојот Плетвар, на крстосница за с. Ореовец, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина и од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Д.М.(23) и Ј.А.(20), двајцата од Скопје.

При преглед во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М., а сопатник бил Ј.А., биле пронајдени 75 килограми режан тутун за цигари запакуван во повеќе различни пакувања. Известен бил јавен обвинител, а лицата биле задржани во Полициска станица Прилеп. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 279-б од Кривичниот законик – „избегнување на плаќање на акцизна стока“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми