Уапсени се четврица прилепчани кај кои во различни случаи се пронајдени наркотични средства.
Имено, на 29.07.2022 на кеј „1-ви Мај“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.А.(33) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На ул.„Борис Кидрич“ во Прилеп пак, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.А.(32) и Е.Р.(29) од Прилеп затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела грутческа материја и предмет со остатоци од бела грутчеста материја.
На 28.07.2022 на ул.,,11-ти Октомври” во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.Ј.(29) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени две пакувања со бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок.