На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници” во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77), сите од Прилеп.
„При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива” со прилепски регистарски ознаки, а лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје, по што се оддалечиле од местото“, информираат од МВР.