На 14.05.2025 во 17.30 часот на патот за с.Оревоец, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.М.(41) од Велес затоа што кај него била пронајдена грутчеста материја, таблети, а при преглед на патничкото моторно возило „бмв”со велешки регистарски ознаки била пронајдена тромблонска кумулативна мина модел „М-69“.
По докеументирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.