Уапсен прилепчанец кај Д. Хисар поради криумчарење на тутун и текстил

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот Демир Хисар – Кичево сопреле товарно моторно возило „цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б. (39) од Прилеп.

При преглед на возилото била пронајдена акцизна стока – 26 паковки тутун со вкупна маса од 13 килограми, како и различен вид на текстил. Тутунот е одземен и предаден на Царинска управа Битола, а возилото со текстилот е предадено на Царински терминал Битола за понатамошна постапка.

С.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми