Уапсен прилепчанец – при претрес во неговиот дом пронајдено оружје

На 12.05.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Д.Т.(64) од Прилеп.

„Имено, при извршен претрес на дом и други помошни простории во Прилеп кои ги користи Д.Т. пронајден е пиштол калибар 7.65мм, како и 45 парчиња муниција кал.7.65мм“, информира МВР.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи