„Убавицата и ѕверот“ е најгледан филм во кината ширум светот во 2017 година

„Убавицата и ѕверот“ е најгледан филм во кината ширум светот во 2017 година. Римејкот на анимираниот филм од 1991 година, во кој главните улоги ги имаат Ема Вотсон и Ден Стивенс заработи милијарда и 263 милиони долари само од продажбата на билетите во кината.

 

„Убавицата и ѕверот“ се најде на 10-тото место на најгледани филмови на сите времиња, а интересно е што едно место над него е уште остварување на Дизни, „Frozen“.

 

На второто место на листата најгледани филмови во светот се најде осмото продолжение на „Брзи и бесни“. Третото продолжение на „Despicable Me“ е на третото место.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци