„Уживања“ е првата песна на прилепската група „The Dreamers“. Бендот, во кој вокалите се на Викторија Стојческа и Маја Црвенкоска, клавијатури свири Кире Најдоски, а гитара Милан Секулоски го објави и видео записот за своето првенче.
The Dreamers, чиј прв настап како бенд во овој состав беше лани во септември, со оваа песна го најавуваат и првиот албум што се очекува да биде готов напролет.
