„Уметничкиот сон“ – изложба од Методи Исков во Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Синоќа во Ликовна Галерија од ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп  беше отворена изложбата „Уметничкиот сон“, од Методи Исков. Изложбата поддржана од Министерството за култура и туризам, е посветена на истражувањето на сонот како симбол, инспирација и креативен импулс во уметноста.

На изложбата се претставени дела од различни жанрови и техники: сликарство, графика, цртеж, скулптура, како и современи визуелни изрази. Отворајќи ја изложбата, м-р Каролина Мицевска, посочи дека проектот ја нагласува важноста на општеството во  мисијата за поддршка и афирмација на уметноста.

 

 

 

„Уметничкиот сон“, е концептуален проект што ја поканува публиката  да влезе во светот на имагинацијата, да ги истражи сопствените соништа и преку делата да открие нови можности за разбирање на уметноста како универзален јазик што нè поврзува“, рече Мицевска.

Уметникот Методи Исков, претседател на ДЛУП, има реализирано самостојни и групни изложби и изработено повеќе мурали.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми