Уметничко-креативен настан во организација на АРТ ХОСТ – 40-тина креативци ги испишаа боите на љубовта и виното врз платното


Синоќа во Прилеп во кафе барот ONIX, по повод празниците, се одржа креативен настан под крилото на новата уметничка платформа АРТ ХОСТ. На овај настан учествуваа околу 40-тина креативци кој ги испишаа боите на љубовта и виното врз платното, заедно со музиката на Акустик Трио. Идејата на АРТ ХОСТ е и понатаму да ги поддржува љубителите на уметноста и со својата програма да продолжи да ја оживува уметничката култура во градот.

 

 

 

АРТ ХОСТ е платформа која овозможува организирање разновидни забавни и едукативни настани, наменети за поттикнување на имагинацијата, креативноста и слободното творечко изразување на заинтересираните креативци. Зад платформата стојат три успешни креативки – Анита Јовеска, Маја Најдоска и Викторија Димеска – кои со години, преку својата неуморност, отпорност и автентично творештво, создаваат уметност, го промовираат своето дело и активно учествуваат во градењето на современата ликовна сцена и критика.

Визијата на АРТ ХОСТ е создавање творечко, уметничко и интелектуално јадро каде што креативноста слободно и непрекинато ќе се развива, ќе се раѓаат нови идеи и ќе се поместуваат границите на ликовната уметност.

 

 

 

 

Мисијата на АРТ ХОСТ е да охрабрува и овозможува креативна слобода на уметничките гласови преку организирање динамична и инклузивна платформа. На оваа платформа, уметниците и учесниците ќе ја изразуваат својата креативност, ќе се поврзуваат меѓусебно и ќе поттикнуваат трансформативен културен дијалог. Стремиме кон уметничка иновација и соработка преку имерзивни забавни настани и едукативни искуства што ги збогатуваат животите, ја слават разновидноста и градат вибрантен, самоодржлив креативен екосистем.

Целите што ќе се реализираат преку програмата на АРТ ХОСТ се:

  • Промовирање слободно уметничко изразување,
  • Поттикнување на публиката кон активно учество во ликовната сцена,
  • Поддршка на уметниците во подем и зајакнување на врските со заедницата преку организирање настани за креативна ликовна соработка,
  • Сочувување на културните вредности и создавање простор каде што ќе се негуваат и традиционални уметнички форми и современи мултидисциплинарни ликовни практики,
  • Развивање можности за ликовна едукација,
  • Воспоставување соработка со локални бизниси и културни институции за проширување на ресурсите и
  • Привлекување нова публика преку организирање разновидни креативни искуства.

Потребите за создавање уметничка платформа од забавен и едукативен карактер се многубројни:

  • Создавање простор каде што уметниците и креативците од различни дисциплини ќе можат да ја промовираат својата уметност, да се вмрежуваат, соработуваат и да се развиваат професионално,
  • Надминување на недостигот од општествен поттик за соработка меѓу уметници од различни дисциплини и публиката, што би довело до иновативни проекти и уникатни уметнички искуства,
  • Градење интелектуално јадро за разновидна публика, каде што ќе се поттикнуваат дијалози за уметноста и културна размена,
  • Истакнување на современите ликовни движења и разновидните културни изразувања што го збогатуваат културното ткиво на заедницата,
  • Поттикнување на економскиот развој преку соработка со локалните бизниси,
  • Користење на уметноста за решавање социјални прашања и поттикнување позитивни општествени промени,
  • Обезбедување креативна платформа каде што поединците ќе можат да ги изразат своите емоции и искуства преку разновидни уметнички активности, придонесувајќи кон нивниот личен развој и благосостојба, и
  • Организирање хуманитарни активности за подобрување на квалитетот на живот во заедницата.

 

 

Во претстојниот период, нашата ликовна платформа ќе понуди богата и разновидна програма која вклучува: интерактивни работилници, „paint and wine” настани, специјални фестивни настани, мастер работилници, тематски ликовни изложби, тим билдинг активности и други возбудливи настани што ќе ја негуваат соработката меѓу уметниците и публиката.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи