Едногласно и без дискусија помина предлогот за избор на нови анти корупционери на комисијата за избори и именувања во Собранието. Двајца вработени во секратеријатот на Антикорупциската комисија, двајца ревизори, двајца од локалната самоуправа и еден новинар ќе ја сочинуваат новата Комисија за спречување на корупција.
Претседателка на Комисијата ќе биде Билјана Ивановска, а за членови се именувани и Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеновски, Шемши Салаи. Тие беа седумте најдобро рангирани кандидати од страна на Комисијата за селекција на кандидатите.
Билјана Ивановска – Ревизор
Владимир Георгиев – Државен советник на секретаријатот на антикорупциска
Софка Пејовска Дојчиновска – Раководител на сектор за спречување на корупција
Катица Николовска – Ревизор
Горан Трпеноски – Новинар
Шемши Салаи – Вработен во Општина Врапчиште
Нури Бајрами – Вработен во Општина Гостивар
Собранието новите членови ги избра со 65 гласа „за“, ниту еден „против“ и 10 „воздржани“.
За членови на Комисијата беа пријавени вкупно 57 кандидати кои во Собранието беа интервјуирани од страна на пратениците, новинари и претставници на невладини организации.
Согласно новите овластувања на Државната комисија за спречување на корупцијата, таа може да го следи и претстојниот изборен процес во делот на финансирање на политичките партии.