Утре во црквата Свети Кирил и Методиј – ПАРАКЛИС, ќе бидат изложени моштите на Свети Климент и Свети Пантелејмон

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Благочестиви христијани, ве покануваме на 09.08.2025 г., сабота во 07:00 ч., на Светата Божествена Литургија во храмот св.св. Кирил и Методиј Прилеп – (ПАРАКЛИС) торжествено да го прославиме патронот и заштитникот на нашата татковина Македонија и нашиот македонски народ, светиот Климент Охридски и св вмч Пантелејмон, богобојазливо да се поклониме и помолиме на нивните мошти кои престојуваат во нашиот храм и да измолиме мир, здравје и благосостојба за нашите семејства и нашиот град.
МОШТИТЕ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ЗА ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕКУ ЦЕЛИОТ ДЕН НА 09.08.2025 г. сабота. Храмот е отворен секој ден со работно време од 06:00 ч., до 18:00 ч.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми