Утре, недела, од 06: 30 до 11: 00 часот, без струја Прилеп и приградските населби поради активности на електропреносната мрежа

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Ги информираме граѓаните и стопанските субјекти, дека во недела, 21.12.2025 г.  во периодот од 06: 30 до 11: 00 часот, без напојување со електрична енергија ќе биде  градот Прилеп и приградските населби, соопштуваат од А.Д. МЕПСО.

„Исклучувањето се врши поради планирани активности на електропреносната мрежа, кои опфаќаат демонтажа на старо проводно јаже од 110 kV   далекувод ТС Битола 1- ТС Прилеп 1 и монтажа на нов проводник. Активностите ќе ги реализираат стручните екипи на АД МЕПСО. Согласно планираната динамика, работите ќе траат најмногу четири ипол часа, по што напојувањето со електрична енергија во Прилеп ќе биде повторно воспоставено.

Апелираме на разбирање од страна на сите корисници, имајќи предвид дека станува збор за планирани зафати од значење за сигурно и стабилно функционирање на електропреносниот систем“, додаваат од А.Д. МЕПСО.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми