Утре се очекуваат 100 илјади „Фајзер“ вакцини, а в недела со 2 авиони стасуваат 500 илјади вакцини „Синовак“

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Кинеските вакцини против ковид-19 на „Синовак“ ќе стигнат во Скопје в недела, 27 јуни, со два авиони во 14 и во 16 часот, со две пратки со по 250 илјади вакцини, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Направен е план за складирање на две места, во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје и на Институтот за судска медицина, а во понеделник или вторник (28 или 29 јуни) ќе бидат пуштени во употреба и дистрибурирани низ државава.

Министерот кажа и дека утре се очекува да стигнат околу 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку Ковакс механизмот.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 281.847 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 3.263 граѓани, а вкупно се вакцинирале 5.407 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци