Во ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп беше реализирана посета од Пчеларското здружение „Братство“. Учениците од второ одделение имаа можност да се запознаат со светот на пчелите, пчеларството и важната улога што пчелите ја имаат во природата.
Посебна чест и инспирација беше присуството на најстариот пчелар, 94-годишниот Стојко Бучковски, кој со своето огромно искуство, мудрост и љубов кон пчелите ги воодушеви нашите најмлади.
„Голема благодарност до директорката Јулијана Тренкоска, како и до наставничките и наставникот Весна Мегленска, Сузана Бошеска, Виолета Илиеска и Благојче Ристески, кои го поддржаа и овозможија овој едукативен настан. Ваквите средби се важен чекор во градењето еколошка свест и љубов кон природата кај децата“, велат од Пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп.




