Учениците од СОУ „Орде Чопела“ едни од победниците на државниот натпревар за финасирање на социјални иновации

Учениците од СОУ„Орде Чопела“-Прилеп: Џанер Фејзоски, Тамара Ковилоска, Сара Рајчиноска, Филип Гически и Андреа Гагалеска под раководство на нивниот професор Ѓорѓија Гагалески во месец мај 2022 година во хотел Дрим, Струга учествуваа на работилница-натпревар за финасирање на социјални иновации кои се базираат на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и заштитата на животната средина.

На работилницата учествуваа 10 средношколски тима од државата кои со помош на своите ментори ги развиваа своите решенија и ги презентираа пред стручно жири кое беше составено од по еден претставник: од ФИТР на Р.С. Македонија, здружението LEAD (Leaders for Education, Activism and Development) и претставник од UPSHIFT.

Тимот од С.О.У Орде Чопела – Прилеп со својот предлог преокт „Систем за собирање на дождовница за наводнување на училишниот мини овоштарник“ беше прогласен за еден од петте победници и доби 120.000 денари за реализација на своето решение за проблемот со недостиг на вода.

Имено училиштето поседува овоштарник за практична настава кој е запуштен поради немањето соодветен систем за наводнување. Идејата на учениците беше да се собира и искористува дождовницата за наводнување  на училишниот овоштарник со помош на систем „капка по капка“, а плодовите од овоштарникот да се искористат во училишната лабараторија и пекара.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира