Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
Скопје – 254Куманово – 128Дебар – 49Штип-20Прилеп –34Тетово – 29Струга – 28Велес – 10Битола –6Охрид –3Кавадарци – 2Гостивар – 4Гевглелија – 4Струмица – 2Крива Паланка- 3Радовиш -4Крушево – 2Кочани – 17
Во изминатото деноноќие направени се 386 теста. Од нив преку ИЈЗ- 229, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –22 , Биотек – 22 и Фипил Втори (Жан Митрев) –105 . Досега во земјата се направени 5.879 тестирања на Ковид-19.