На 23.02.2026 во 04:30 часот на ул.„Трајко Сандански“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Б.(36) од Прилеп.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген шаран“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило.
Тој е задржан во Полициска станица Прилеп, а возилото е одземено.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.