Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници за долгови доспеани до крајот на јули, годинава и неплатени до крајот на октомври по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На листата на должници објавени се 2.020 правни лица или за 25 повеќе од претходно, како и 2.539 физички лица, односно за 19 повеќе од претходната листа.
На врвот на листата по висината на долгот се компаниите ТЕ-ТО со долг од 1.058.989.960 денари, „Ел Дон Кастилло“ со долг од 466.870.265 денари, „Индустрија Ал Азтека„ со долг од 466.250.696 денари, „Мотор коал индустрија интернационал„ со долг од 466.213.563 денари и „МЛ Глобал Италу„ со долг од 264.335.685 денари.
На листата повторно бројни се јавните претпријатија. ЈП за одржување магистрални и регионални патишта должи дури 259 милиони денари, Јавното комунално претпријатие Тетово должи 159 милиони денари, Македонска радиодифузија должи 25 милиони денари, Водостопанство на Македонија должи 8 милиони денари, МРТ 21 милион денари…
Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.129.716.081 денари, или за 15.032.646 денари повеќе од претходната листа.
Целата листа на УЈП може да ја видите ТУКА.