Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ја објави Листата на должници за долгови доспеани до 30.11.2020 и неплатени до 28.02.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.03/2021 објавени се 2.790 должници – правни лица (помалку за 28 од претходната листа) и 1.825 физички лица (помалку за 28 од претходната листа).
Листата можете да ја погледнете овде.
