Фатен уште еден шофер без возачка дозвола во Прилеп – одземено возилото

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 16.02.2026 во 13:05 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.К.(40) од Прилеп.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К., при што било констатирано дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми