Нова серија на физички напади низ Прилеп брои полицискиот билтен.
На 29.09.2026 во 17:30 часот во СВР Битола, А.К.(41) од Прилеп пријави дека на ул. „Прилепска” во Битола бил физички нападнат од К.Н..
Истиот ден во 21:30 часот во ОВР Прилеп, 28-годишна прилепчанка пријави дека нејзиниот поранешен сопруг физички го нападнал нивното заедничко малолетно дете.
На 30.09.2026 пак, во 03:20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Т.М.(54) од Прилеп, бидејќи во семејниот дом во Прилеп физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга.
Се преземаат мерки за расчистување на настаните. По документирањето ќе следат соодветни поднесоци.