На 23.02.2025 во 21.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.М.(32) и Д.М.(30), двајцата од Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Никола Тесла” во Прилеп физички го нападнале К.А.(39) од Прилеп. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 23.02.2025 во 11.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Селце, прилепско, С.К.(37), Х.К.(22) и Д.Д.(34), сите од Прилеп, го нарушиле јавниот ред и мир до меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.