Филипче: Не очекуваме нов силен бран и притисок врз болниците

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека тој не очекува нов силен бран од Ковид-19 есенва.

„Не очекуваме висок бран и притисок кон болниците, но сме подготвени, има слободни капацитети, доволна количина на тестови“, додаде тој.

Филипче повторно ја нагласи важноста на вакцинацијата  и вели дека  вакцинираните доколку се заразат ќе бидат со полесна клиничка слика, така е во сите земји во светот каде има висок опфат на вакцинација.

Министерот рече дека следните чекори во борбата со пандемијата ќе зависат од корона скринингот во училиштата, за да се види дали има асимптоматски ученци, но и од епидемиолошката слика со овој процент на вакцинација на населението од што ќе зависат и следните евентуални рестриктивни мерки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми