Филипче: 4 случаи на делта сојот потврдени, за уште 4 се чека резултат

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Велешанец е четвртиот потврдeн случај на Делта сојот во земјата, а за уште четворица други граѓани се чекаат резултати, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче вели дека овие лица се невакцинирани, а во текот на денот ќе соопштат дали биле во странство и со кого имале контакти.

Во трите од потврдените случаи лицата се со лесна клиничка слика, а во четвртиот, пациент од Велес е хоспитализиран. Што се однесува до четирите случаи за кои се чека резултат, според Филипче, едниот пациент е во потешка состојба и е приклучен на респиратор во болница во Скопје.

Филипче најави дека будно ја следат состојбата и додаде дека се планира нов состанок на Комисијата за заразни болести во однос на рестрикциите на границите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми