Со големо задоволство ви го најавувам финалниот чекор во изградбата на првиот проект за секундарна селекција на отпад во Македонија. Комплексот е речиси готов, со комплетна доградба на фабриката и од денес започнуваме со инсталација и на електро-машинскиот дел, што е значаен чекор кон модернизација и зголемување на капацитетите за управување со отпадот во Прилеп, истакна денес градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Иако проектот понекогаш беше оспоруван, јас верувам дека само заедно со граѓаните, ЈКП Комуналец, бизнис секторот и невладиниот сектор можеме да направиме вистинска еко револуција.
Во следниот период, во капацитетите на Комуналец на ул. „Трајко Николоски“ ќе никне модерен, Собирен центар за отпад, каде граѓаните ќе можат еколошки да го одложуваат својот отпад.
Со многу работа и посветеност, покажавме дека Прилеп може да ги достигне европските стандарди и да се движи кон посакуваното европско семејство!“, рече Јовчески.