Традиционално и оваа година жителите на Општина Прилеп, во градот и населените места го одбележаа празникот Богојавление или Водици. На базенот во Салида каде се фрлаше Светиот крст учество зедоа 130 учесници, а исто така овој свет чин се одржа и во 18 населени места низ нашата општина каде што имаше претставници од локалната самоуправа: Алинци, Клепач, Загорани, Ерековци, Чепигово, Подмол, Тополчани, Плетвар, Витолиште, Бешиште, Полчиште, Штавица, Ново Лагово, Селце, Беровци, Галичани, Мало Коњари и Големо Коњари. Еве како низ фотогалерија изгледаше денешниот ден.