ФОТО ГАЛЕРИЈА : Манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Манастирец

 

Манас­тир­ската црква на манастирот Рождество на Пресвета Богородица кој се наоѓа над селото Горни Манастирец, во Поречиеито, Општина Македонски Брод е градена од камен и од свежо гасена вар, а фрес­ко­живописот е работен со природни бои и со жолчка од јајце. Во однос на архитектурата, се смета дека од првобитната градба на манастирот е останата само црквата со јужниот параклис и нартексот. Надво­реш­ниот дел на храмот е со архитектонски изглед кој е духовно привлечен.

Во храмот има живопис од два периода, од 12. и од 19. век. Првиот и најстариот е од времето кога е подигната и црквата, најверојатно од 12. век или порано. Овие фрески своевремено пострадале, па затоа дошло до ново живопи­су­вање во 19. век. Импозантниот фрескоживопис од постсветиклиментовиот период го вместува овој манастир во значајните споменици. Манастир­ската црква ја красат преуба­вите сочувани фрагменти, кои зборуваат за недостижната уметничка убавина. Разнобојните фреско-остатоци ги има и во наосот, а и во олтарната апсида. Откако е симнат горниот слој на фрески, кои се од 19. век, јасно се виделе фреските од 12. век, кои зрачат со убавината на средно­веков­ната византиско-словенска уметност.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира