Македонците за прв пат имаат прилика да ја видат фудбалската репрезентација на својата држава во албум посветен на Европско првенство.
Најновиот албум „Еуро 2020“ од италијанскиот издавач „Панини“ е албум е посветен на европското првенство кое требаше да се случи во 2020 година, но УЕФА го одложи почетокот до 11 јуни 2021 заради пандемијата Ковид-19.
Дистрибуцијата на албумот и сликичките во Македонија започна во првите денови на април. Освен во мрежата трафики и други продавници, сликичките за „Еуро 2020“ може да се купат и преку веб-сајтот slikicki.mk.