Херојски денови во Крушево, одбележување на Илинден

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Крушево од 1-ви август ги живее најхеројските денови во својата историја. Периодот на Илинденско востание е првиот од неколку Илиндени кои го означуваат опстанокот на државата. Од 1-ви до 10-ти август со богата програма, многу музика, изложби и култура Куршево ќе ги одбележи 10-те дена Крушевска Република.

Програмата започнува во понеделник на 1-ви со поворка до Гумење и полагае на цвеќе. Официјалната програма започнува пред споменикот Илинден во 20 часот со повеќе содржини. Настапи на хорови и оркестри на Национална филхрмонија и Национална опера и балет заедно со балерината Ивана Коцевска и „Танец“.

Манифестацијата од 22 часот продолжува на „Гумење“ со читање на Крушевскиот манифест, обраќање на претседателот на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“ градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски. За музичкиот дел ќе се погрижат Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба. На полноќ – импровизиран напад на градот.

На 2-ри август централната манифестација ќе се случува на Мечкин Камен.

Од 3-ти, па се до 10-ти август ќе проследиме проекција на филмови, концерти, монодрами и друго.

Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ го честита празникот Илинден и ги поканува сите домашни и странски туристи да проследат дел од Манифестацијата и во деновите што следат да го почувствуваат херојскиот дух на Крушево.

Илинден – нашата сила за иднината!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира