Холанѓаните прават залихи на марихуана поради корона вирусот

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Владата во Холандија донесе нови мерки во борба против корона вирусот, според кои до 6 април се затворени училиштата, градинките, спортските објекти, кафулињата и рестораните.

 

Поради тоа голем број Холанѓани вчера направија редови пред кофишоповите, каде се купува марихуана, со цел да обезбедат резерви пред да се затворат и тие продавници поради итните владини мерки за борба против пандемијата со Ковид-19.

 

„Можеби во наредните два месеца нема да бидеме во можност да добиеме марихуана, па затоа е убаво да имаме одредени количини дома. Мојот пријател ми се јави пред пет минути, ја слушнал информацијата на прес-конференцијата(дека ќе се затворат кафулињата) – тоа е добар пријател“, изјавил еден од муштериите пред кофишоп во Хаг, пренесува Франс24.

 

Додека неколку дена порано, супермаркетите беа окупирани со луѓе што се обидоа да купат повеќе тоалетна хартија и тестенини, ненадејната објава за затворање на кафулињата значеше дека има нови приоритети.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира