Ве покануваме на хуманитарна проекција на документарниот филм „Антипод“ на режисерот Бојан Секулоски, со главна улога на Дарко Неданоски. Секој купен билет е чекор поблиску до надеж за малата Ева, која води тешка битка и има потреба од нашата поддршка.
26 март 2026 (четврток)
19:00 часот
Кино Мис Стон
Карти: 200 денари (во продажба во Кафе Лувр)
26 март 2026 (четврток)
19:00 часот
Кино Мис Стон
Карти: 200 денари (во продажба во Кафе Лувр)
ДА ПОМОГНЕМЕ ЗАЕДНО
10 годишната Ева е девојче кое се бори со е бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман. Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри. Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки). Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази: 1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија 2. Хируршко отстранување на туморот 3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, велат нејзините родители.
За донација КЛИКНЕТЕ ТУКА.
