Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), вВо мај, глобалните цени на храната скокнаа на највисоко ниво во скоро една деценија, зголемувајќи се за 40 % во однос на претходната година.
Индексот на цените на храната на ФАО се зголемува 12 месеци по ред за да го достигне највисокото ниво од септември 2011-та година, водени од поголемите трошоци за растителни масла, шеќер и житни култури.
Цените се зголемија за 4,8% во споредба со април, најбрз раст на месечно ниво од октомври 2010-та година, и за скоро 40% во споредба со мај 2020-та година.
Наглиот пораст на цените на храната е последица на ковид-19 пандемијата, економската криза која произлезе од неа, како и деценискиот проблем со безбедноста на храната која е нарушена од климатските промени.
ФАО ги следи цените на различните видови храна, вклучувајќи житни култури, маслодајно семе, млечни производи, месо и шеќери.