На 4 јуни 2022 година во Рига (Латвија) се одржа генералното годишно собрание на Европската Боксерска Унија Е.Б.У за професионален бокс. На собранието учествуваше македонската асоциjација Про Бокс Македонија, делегат беше Дарко Чатлески.
На ова собрание се одржа редовен избор на претседател и членови на управен одбор. За нов претседател беше избран г-дин Петер Стуцки од Швајцарија. Агендата имаше 14 точки а најголем акцент се стави на заштита на здравјето на боксерите. Постојните мерки за прегледите на боксерите да се почитуваат и да не се прават отстапки.Еден од најважните прегледи на професионалните боксери е МРИ на глава.
„Разговаравме со новиот претседател Петер Стуцки и истакна дека е задоволен е од работата на Про Бокс Македонија. Договоривме во блиска иднина претседателот П. Стуцки и дел од одборот на Е.Б.У да бидат гости во нашата земја. Следното генерално собрание 2023 година ќе се одржи во Малта“, рече нашиот делегат на генералното годишно собрание на Е.Б.У, Дарко Чатлески.