Честитка на градоначалникот Борче Јовчески за празникот 11-ти Октомври

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Почитувани прилепчани, почитувани граѓани на градот херој, градот во кој пукнала првата пушка, градот кој пред 81 година го означил почетокот на народното востание за конечно ослободување на Македонија од окупаторот.

Од овој ден, македонската историја е побогата за уште едно херојство на македонските борци кои тогаш водени од идеалите за слободна и суверена македонска држава, беспоштедно започнуваат борба која подоцна ќе го донесе големото ослободување на нашата Македонија.

Носејќи ги на грбот илјадниците жртви на војната, а со единствена мисла за слобода, храбрите македонски борци во предвечерието на 11 октомври со напад на тогашната полициска станица, Участакот, ја започнуваат борбата против фашистичкиот окупатор, благодарение на која ние денес имаме суверена и независна Република Македонија.

Овој празник, оваа победа на македонскиот народ е светла точка во нашата историја, но исто така поттик и мотив сега и во иднина цврсто да застанеме кога се во прашање националните интереси, доколку сакаме да го продолжиме патот кој е започнат пред 81 година, а со тоа да го зачуваме достоинството на Република Македонија!

Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира