Во мое лично име и во името на Општина Прилеп на сите православни христијани и на сите наши сограѓани им го честитам големиот христијански празник – „Св. Климент Охридски“ и им посакувам многу здравје, среќа и бериќет.
Светиот Климент Охридски е длабоко врежан во македонската историја, тој е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа, позната и како Прв универзитет на Балканот и е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.
Неговото духовно и книжевно дело е трајно врежано во историјата на Република Македонија и македонското културно наследство. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, тој станал заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.
Нека е вечен споменот за свети Климент Охридски и за неговото дело!