Честитка на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп по повод празникот Курбан Бајрам


ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на сите граѓани на Република Македонија од исламска вероисповест, им го честита големиот празник Курбан Бајрам. Нека овој ден ви донесе добро здравје, благосостојба, мир и хармонија во вашите семејства и во домовите.

Токму големите верски празници се мигови кога најдобро ги истакнуваме вредностите на заедништво и взаемна почит. Македонија има вековна традиција на градење соживот помеѓу различните верски заедници. Само преку почитување на верските разлики, упатуваме силна порака за градење соживот и меѓусебно разбирање.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира