Четворица прилепчани успешно се искачија на Gran Paradiso во Италија, висок 4061 мнв

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Прилепчаните Филип Илиоски, Игорче Димитриоски, Георгина Арапческа и Иво Иваноски како дел од 6 члена експедиција успешно се искачија на врвот Gran Paradiso, висок 4061 мнв, на Алпскиот масив во Италија.

„Станува збор за дводневно искачување, каде првиот ден патеката води до домот Refugio Vitorio Emnuelle каде што се прави пауза и се собираат сили за вториот ден кога е и искачувањето до самиот врв. Од домот до Gran Paradiso се искачивме за 5 часа“, изјави Филип Илиоски.

Подготовките ги правеле континуирано на нашите планини во Македонија, на секакви временски услови и доста често.

„Патеката по која што се движевме до самиот врв ни беше добро проучена и бевме подготвени и успешно ја совладавме. Станува збор за патека која во поголемиот дел е трекинг, освен искачувањето и спуштањето пред самиот врв каде што има потежок технички дел на кој што треба повеќе да се внимава и каде што се користи и алпинистичка опрема“, додаде Илиоски.

Илиоски истакна дека станува збор за одлична авантура која што ја препорачува на секој кој што се занимава активно со планинарење.

„Временските услови беа идеални за време на целото искачување. На врвот се задржавме 40-тина минути и чувството горе беше прекрасно, не се опишува со зборови, треба само да се доживее. Погледот е величествен, има прекрасни пејсажи и се гледа целиот Алпски масив, а секако највпечатливи се Mont Blanc i Matterhorn.“

Иако за четворицата искачувањето на над 4.000 метри било ново искуство, сепак сите одлично се справиле со предизвикот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми