Чичаковски, Дума и Милев поднесоа оставки од ДИК

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Државната изборна комисијата, Александар Чичаковски поднел барање за престанок на функцијата. Оставката била негов личен чин. Од Собранието велат дека до архивата се пристигнати и барањата за предвремен престанок на функцијата на членовите на ДИК предложени од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев.

 

„Утрово со колешката Дума бевме во Собранието и оставките ги поднесовме во архивата“, изјави Милев.

 

Нивните оставки следуваат откако во јавноста американскиот амбасадор Бејли обелодени дека членовите на ДИК зеле бонус од четири плати за локалните избори. Претседателот и членовите на ДИК, Александар Чичаковски, Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев, Субхи Јакупи, Сашо Срцев и Силвана Бонева си исплатиле дополнителни четири нето плати. На последната седница тие најавија дека парите или ќе ги донираат или ќе ги вратат во буџетот.

 

За разрешување на член на ДИК, односно констатирање на оставката во овој случај, треба да гласаат 2/3 од пратениците во Собранието.

 

Мандатот на овој состав на Комисијата истекува во 2020 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци