Шаховски турнир во прилепскиот затвор: Секој потег е важен – и на таблата и во животот

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Во Казнено-поправниот дом Прилеп се одржа шаховски турнир, каде осудените лица имаа можност да ја покажат својата стратегија, трпение и концентрација.

„Ова не е само натпревар, туку и начин за продуктивно исполнување на времето, развој на когнитивните способности и градење на дисциплина. Шахот е повеќе од игра – тој е вежба за умот, симбол на трпение и упорност. Ваквите активности се дел од нашата заложба за подобрување на процесот на ресоцијализација, создавање на нови можности и поттикнување на позитивни промени„, велат од Управата за извршување на санкции.

Додаваат дека секој потег е важен – и на таблата и во животот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми